Членството на СДСМ разочарано од кандидатите за пратеници (ФОТО)

СДСМ вечерва ги утврдува конечните кандидатски листи на коалицијата со БЕСА, така што откако кандидатските листи ќе ги поминат партиските филтри, тие треба да бидат доставени до ДИК најдоцна до 12 март (четврток) на полноќ.

Но, тоа што може да се забележи е незадоволството на присутните членови на конгресот од предложените кандидати за пратеници на претстојните парламентарни избори.

Имено, член на СДСМ , вечерва на својот Фејсбук профил објави дел од листа на која Лазе Танески од Охрид, е предложен за пратеничко место. Незадоволен, тој напиша: „Лазе пратеник стана. Охрид партијата требит да се запалит, не да се затворит… Бруки. Јас на овие избори нема да гласам! СДСМ -засекогаш“.

 

Носители на листи на СДСМ- БЕСА ќе бидат: Во ИЕ1 – Никола Димитров, ИЕ2- Оливер Спасовски, ИЕ3- Љупчо Николовски, ИЕ4 -Зоран Заев, ИЕ5- Радмила Шекеринска, ИЕ6-Коалиција (Билал Касами).