Компнијата „Фаланга-Херонеа“ соопшти дека нема добиено никакво решение за работа, како што тврди градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Компанијата е сопствнеик на галијата, за која денеска Шилегов рече дека се создадени правни услови за нејзинот отстранување. Тој даде и рок до сопственикот да ја отстрани сам во наредните 30 дена.
Станува збор за галијата во близина на мостот кој беше изграден наместо планираното Панорамско тркало.
„Во 2016 година заради изградба на панорамското тркало, движењето на градежната механизација, бучава, прашина, ни беше оневозможено да ја вршиме нашата основна дејност. Веднаш побаравме да прекинеме со работа и да не плаќаме закупнина до завршување на изградбата кога би можеле нормално да продолжиме со работа. Нашата компанија до овој момент нема добиено никакво решение дека треба да продолжиме со работа како што тврди градоначалникот дека се случило во 2018 година. Доколку сме добиле такво решение ние ќе сме го почитувале“, велат од Фаланга -Херонеа“.
Оттаму сметаат дека денешната пресконференција на Шилегов е политички мотивирана постапка во функција на престојните избори.
„Ние ќе ги преземеме сите правни мерки за заштита на интересите на нашата компанија“, стои во нивното соопштение.
Според објаснувањето на Шилегов, анексот со сопственикот на галијата бил потпишан во 2016 година, а во 2018 година добил известување дека може да врши дејност, но објектот никогаш не почнал со работа.