
Негативен е тестот на 16 годишната пациентка што имала краток преглед кај директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Билјановска кај која беше потврдено дека е заразена од коронавирус.
Од Владата брифираат дека утре ќе биде подготвено решението за разрешување на директорката. По консултацијата со Антикорупциската комисија е утврдено дека има член во законот што овозможува итност во разрешувањето, иако е период на предизборие.
Во меѓувреме, тестирани се уште двајца пациенти кај кои резултатите се исто така негативни.