
Даниел Крејг (52) го објави своето последно интервју како Џејмс Бонд за британскиот магазин GQ, каде на големо задоволство на многу фанови, тој сними и „жешка“ насловна страница на која се појави без маица.
– После „Спектарот“ (од 2015 година), се заколнав дека повеќе нема да правам филмови за Бонд … се прашував дали вреди повторно да се помине низ сето тоа … Искрено, ниту физички не се чувствував добро, – рече Крејг.
И, иако ја игра главната улога во франшизата, претходно не го добил сценариото, па му било исклучително тешко да се подготви за еден од најтешките проекти.
“Бев вознемирен и загрижен за сè. Тоа е голем притисок …Молчев сите овие години, но денес ми е жал што не зборував за сè кога требаше”, рече искрено Даниел, според Дејли Меил.
Во интервју за GQ, тој се осврнал и на неговиот приватен живот – актерот од 2011 е во брак со неговата колешка Рејчел Вајс (50), со која има едногодишна ќерка, а во искрениот разговор, тој откри и дека не ја исклучува можноста да има второ дете.
„Има многу убави работи во животот“, заклучи Даниел Крејг.