Вучиќ побара да се откажат сите предизборни митинзи

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ги откаже сите изборни митинзи на неговата Српската напредна странка (СНС) до 1 април, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот и заради превентивни мерки.

Денеска и опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) ја повика српската Влада веднаш да донесе одлука за забрана на јавни собири, привремено да ги затвори сите предучилишни и училишни установи и факултети, најмалку три недели и да препорача сите претпријатија да им овозможат на вработените да работат од дома со цел да ги заштитат жителите од ширењето на вирусот Ковид-19.

Од СзС, исто така, наведоа дека ги откажале сите планирани митинзи во кампањата за бојкот на изборите, започнувајќи со собирот најавен за денеска во Куршумлија.