
Мери Николова, сопругата на поранешниот висок фунцкионер на ДУИ, Агрон Буџаку, но и граѓанска активистка, учесничка во ткн Шарена револуција и свевремено блиска до до СДСМ, се најде на пратеничката листа на ДУИ во Изборната единица 3.
Новинската агенција Журнал ексклузивно дознава дека Мери Николова ќе се трка на трето место во третата изборна единица од ДУИ, пишува Журнал.мк.
Иако за кратко време се очекува листите дсо кандидати за пратеници од политичките треба да се финализираат и истите да се испратат во ДИК, се прави жестока борба за тоа кој да ги земе добитните места но и барем само да се кандидираат на предвремените парламентарни избори, пишува Журнал.мк.
ДУИ овојпат како што изгледа ќе влезе во трка во сите изборни единици. Додека во третата изборна единица како носител го одредила министерот за економија Беким Незири, Сеад Ахмедов се очекува да биде број два по него.
Под реден број три во оваа изборна единица се очекува да се кандидира Мери Николова Буџаку која е и сопруга на Агрон Буџаку која овие дена се очекува да го официјализира нејзиното преминување во ДУИ, а во меѓувреме на нејзиниот профил на социјалните мрежи фигурира логото на ДУИ.
Николова, откако медиумите на албански јазик ја пренесоа информацијатм, на својот профил на Facebook им се заблагодара на Али Ахмети и на ДУИ.
,,Ако некој ја препознава твојата способност, како влијателен и истакнат активист кој сторил нешто во оваа држава со многу примери и дела, со многу вложен труд и работа.
Ако некој ти пријде и ти каже дека вредиш и заслужуваш да бидиш во редот на најдобрите. Тогаш за мене доволни беа зборовите и взаемно пружената рака за договор да бидам на листа во ИЕ3.
Не ми ветија, не ме излажаа ништо, како што веќе еден го стори тоа.
Ако ним и треба жена борец, мени ми треба Лидер кој знае да ги цени активистите, кој има свое достоинство и збор.
Ви благодарам ДУИ.
Ви благодарам Г-дин Али Ахмети“-напиша Николова.
Мери Николова инаку до 2017 година беше силен поддржувач на СДСМ и Зоран Заев.