
Владата воведува нови заострени заштитни мерки со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата во четвртокот ги соопшти дополнителните мерки кои се воведуваат на предлог на Комисијата за заразни болести.
Се забрануваат сите јавни и приватни собири без разлика на бројот на учесници
Угостителските објекти ќе работат со скратено работно време до 18 часот со внатрешни преполовен капацитет (задржување на дистанцата од 1,5 – 2 метри)
Се откажуваат сите кино проекции, театарски претстави и концерти
Се откажуваат сите хронични пациенти чија претходно закажана интервенција може да се одложи, ќе има само итни и неодложни хируршки интервенции – исто важи и за прегледите
Продолжување на терапијата на хроничните пациенти кои досега требаше да одат на специјалист – од наредните денови тоа ќе може да го сторат и кај матичните лекари, а ФЗОМ ќе направи измени во правилникот (нема да важи за новодијагностицирани)
Министерот посочи дека во разговор италијанските колеги кажале дека по воведувањето на најригорозните мерки во Италија немале нови случаи на заболени во најпогодените места.
Претходно во четвртокот беше потврдено дека се тестира пациент вратен здрав од Германија, како и дека тројца од деветте заразени пациенти со отежнато дишење.
Од деветте пациенти на Клиниката за инфективни болести шест се во стабилна состојба, додека пак кај тројца има лесно влошување на состојбата и имаат отежнато дишење, но нема потреба од респираторна поддршка, ова денеска преку прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче.
„Тројцата пациенти се во повозрасна категорија и сите тројца се над 65 години. Во текон на ноќта немаше тестирано пациенти, но утрово е јавен еден пациент кој на 7 март од Германија дошол здрав и заради висока температура денеска се јавил на Инфективната клиника и ги очекуваме резултатите“, рече Филипче.
Додаде дека за нив во текот на денот ќе биде информирана јавноста.