Скопјанка приведена за уценување битолчанец со компромитирачки фотографии

Полицијата приведе 34-годишна скопјанка, со живеалиште во Битола, поради уцена на 44-годишен битолчанец, со објавување снимки кои би можеле да го компромитираат.

„По преземени оперативни мерки, а по претходна пријава на 44-годишниот В.П. од Битола дека е уценуван, на 11.03.2020 во 14:45 часот на улицата ‘Самоилова’ во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје ја лишиле од слобода 34-годишната Е.С. од Скопје, со живеалиште во Битола“, соопшти МВР.

Според пријавеното, Е.С. му се заканувала на В.П. дека ќе објави негови компромитирачки фотографии доколку не ѝ исплати 1.200 евра.

Таа била лишена од слобода веднаш по примопредавањето на парите и во консултација со Основното јавно обвинителство, против неа ќе биде кривична пријава по брза постапка поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“ од Кривичниот закони