
Германскиот првак и вицешампион на Европа, Кил доведе засилување на голманската позиција, како трет избор и пак од северот на Европа. По двата шведски интернационалци Паличка и Сјостранд “зебрите” се засилија со младиот дански голман Ким Соне.
22 годишиот голман настапуваше за Скиве и потпиша на две години со германската екипа со најголем буџет. Тој ќе игра за вториот тим на Кил и ќе чека шанса за промоција во првиот тим.