Јанушев: Мерките кои што ги усвои Владата за спречување на ширење на корона вирус ден претходно ги предложи ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и воедно носител на изборна единица 3, Игор Јанушев при своето гостување на „Топ Тема“ посочи дека за опозицијата најбитно е здpaвјето и животот на граѓаните во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ будно ја следи ситуацијата како се развива и во однос на тоа што ќе се случува понатаму така ќе ги насочува своите политички дејствувања.

Она што треба да го имаме сите во предвид, будно да се следи ситуацијата како ќе се развива, без разлика на тоа што веќе влегуваме дефакто во изборите најбитно е здравјето и животот на граѓаните во Република Македонија. И тоа е наш прв приоритет и во однос како ќе се развива ситуацијата така и ќе го насочуваме нашето дејствување, појасни Јанушев.

Јанушев истакна дека сетот на мерките кои што ги усвои Владата впрочем беа оние мерки кои што само ден претходно ги предложи опозицијата. Според него факт е дека министерот Филипче и целата Влада го изневери македонскиот народ при справувањето со пандемијата на корона вирусот во однос на задоцнетото делување за превенција на ширењето на заразата, но посочи дека за ова и за се што претходело ќе има одговорност.