Министерот за економија на Германија, Петер Алтмаер не исклучи времено национализирање на определени компании ако тоа е единствен начин за поддршка во ситуација на пад на меѓународните синџири за испорака.
Во интервју за Шпигел, тој нагласи дека не очекува голема национализација, но и дека „нема да се дозволи банкрот на економски стабилни компании“.
Внимателно ќе ги анализираме последиците од неможност за плаќање обврски и ќе преземеме се што е неопходно, вели тој.
Германски медиуми најавуваат дека меѓу варијантите се одлагање на даночни обврски и финансиска помош.