Заради сѐ поголемиот замав на вирусот Ковид-19, наместо кампања за парламентарни избори, Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ преку Републичката комисија за здравство, своите капацитети ќе ги вложи во масовно информирање на младите и општото население во Република Македонија, за можните патишта на ширење на заразата, но и начини на превенција од заразата со овој инфективен агенс, напиша на својот Фејсбук профил претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.
Тој истакнува дека информативни постери ќе бидат поставени на најфреквентните места во сите општини во државата, а целиот изработен материјал ќе биде оставен на располагање на јавноста за слободно преземање.
„Најважно од сѐ е граѓаните во Република Македонија да бидат информирани, подготвени и безбедни во периодот додека не биде потврден крај на епидемијата, а за целото тоа време да останат смирени и да ги проверуваат изворите на добиените информации кои се однесуваат на вирусот Ковид-19“, порача Јаулески.