(ВИДЕО) Најмалку 15 жртви во пожар на нафтовод во Лагос

Во експлозија и пожар на нафтовод во неделата загинале најмалку 15 лица, а уништени се 50 згради во предградието на Лагос, трговската и финансиска престолнина на Нигерија, соопштија службите за вонредни ситуации.

Повредените се пренесени во болниците, изјавил Ибрахи Фаринлоје, координатор во Националната агенција за вонредни состојби NEMA, пренесува Reuters без наведување колку има повредени.

Зградите се уривале и многу покриви од куќи се разнесени, рекол Фаринлоје и додал дека причината за експлозијата сѐ уште не е позната.

„Експлозијата уништи повеќе од 50 станбени згради“, додал.

Пожарите на нафтоводите во Нигерија, најглемиот африкански приозведувач на сирова нафта, се чести и главно ги предизвикуваат крадците на нафта и саботерите. Методите со кои е служат при кражбите на нафта често завршуваат со големи несреќи и предизвикуваат пожари во кои има многу жртви.