
Во овој момент во авион кој доцна попладнето долетал на скопскиот аеродром од Брисел и има информација дека има повеќе македонски државјани со симптоми на корона вирусот, соопшти на вечерашната прес конференција, министерот за здравство, Венко Филипче.
Додаде дека во овој момент се прави скрининг на сите патници, при што тие со симптомите ќе бидат пренесени на инфективната клиника каде ќе бидат тестирани за можно присуство на коронавирусот и додека тие резултати не стигнат, патниците ќе чекаат на аеродром.
Вечерва ќе се одлучи што ќе се прави, дали согласно распоредет на седење во авионот, дел ќе бидат опфатени со мерката за домашна самоизолација или ќе бидат ставени во објектите кад што е организирана изолацијата” – изјави министерот за здравство Венко Филипче.