Фон дер Лејен: Коронавирусот беше потценет

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, призна дека политичарите го потцениле опсегот на опаноста којашто ја претставува пандемијата на коронавирусот, во интервјуто што во средата го објави германскиот дневен весник Bild.

„Мислам дека сите ние, коишто не сме стручни, го потценивме на почетокот коронавриусот… Но во меѓувреме стана јасно дека станува збор за вирус со кој уште долго ќе се занимаваме“, вели Фон дер Лејен во интервјуто.

„Сфативме дека сиве овие мерки, кои уште пред две или три седмици изгледаа како драстични и драконски, мораа во моментот да бидат донесени“, додава челничката на ЕК,  потсетувајќи дека европскиот континент во моментов е жариштето на кризата.

Челниците на ЕУ во вторникот договорија 30-дневна забрана за влегување на своите надворешни граници за граѓаните од трети земји.

„Подготвени сме да преземеме сѐ што е потребно и нема да се колебаме да преземеме дополнителни мерки во согласност со развојот на ситуацијата. Нашиот непријател е вирусот и мораме да сториме сѐ за да ги заштитиме нашите луѓе и стопанствата“, изјави во вторникот вечерта Фон дер Лејен по видео-конференцијата со челниците на ЕУ.

Во интервјуто за Bild вели оти смета дека не треба да се користи терминот „војна“ против вирусот, како што тоа претходно го кажа францускиот претседател Емануел Макрон.

„Лично, не би го уптребувала зборот војна, но ја разбирам мотивацијата на францускиот претседател, бидејќи коронавирусот е противник кој загрижува“, вели шефицата на ЕК.

Германскиот министер за економија, пак, САД и американскиот претседател Доналд Трамп уште полежерно го сфатиле вирусот на самиот почетокот, отколку ЕУ.

„Почетокот на кризата веројатно уште повеќе беше потценет во САД, отколку во нашите европски земји“, рече Петер Алтмаер за регионалната медиумска групација Funke.