„Фавипиравир” е ефикасен лек против коронавирус, тврдат кинеските научници

Препаратот против грип „Фавипиравир” (познат и како „Авиган”) се покажал клинички ефикасен при лекувањето на заболени од новиот вид коронавирус, соопшти шефот на Центарот за биотехнологии на кинеското Министерство за наука и техника, Чан Синмин.

-„Фавипиравир” веќе ги мина клиничките тестови, што  покажаа добра ефикасност во лекувањето на коронавирусот, наведе тој.

„Пациентите, третирани со овој препарат се излекувани побрзо, а состојбата на нивните бели дробови е обновена значително побрзо отколку кај останатите“, додаде тој.

Препаратот е одобрен за продажба во Јапонија во 2014 година и до овој момент нема податоци за никакви нус појави.

Кај пациентите третирани со „Фавипиравир” негативните тестови на коронавирус се добиени уште на четвртиот ден од почетокот на лекувањето, додека кај останатите биле неопходни просечно околу 11 дена. Се забележувало и значително подобра состојба на белите дробове кај сите пациенти третирани со препаратот.

Покажувајќи ја безбдноста, ефикасноста и достапноста на препаратот, истражувачите и официјално им го препорачуваат на лекарите лекот  „Фавипиравир” и предлагаат тој да се вклучи колку што е можно поскоро во лекувањето на заразените со коронавирус, се наведува во соопштението.

Препаратот „Фавипиравир” го изработила јапонската корпорација „Fujifilm Holdings” за лекување од грип. Претходно тој е ефикасно користен и во борбата со ебола.