
Претседателот Пендаровски вечерва прогласи вонредна состојба на целата територија на државата.
Вонредната состојба е поради справување со ситуацијата со коронавирусот. Имајќи предвид дека Собранието кое е распуштено не може да се собере и да донесе одлука, собранискиот спикер Талат Џафери предлогот го проследи до претседателот на државата.
„Мојата одлука се базира на членот од Уставот доколку Собранието не може да се состане, а одлуката за вонредна состојба ја донесво заради заштита од вирусот и истата ќе трае 30 дена“ -рече Претседателот во своетот обраќање
Ова е првпат во историјата земјата да е во вонредна состојба.
Пендаровски апелираше до граѓаните да се придржуваат до препораките за заштита. Тој им се заблагодари на сите вклучени во заштитата против коронавирусот.
https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/203907374281728/