
Во услови на вонредна состојба институциите ќе бидат ригорозни, ќе вршат интензивни контроли за да го заштитат здравјето на граѓаните. Полицијата и инспекциските служби ќе бидат максимално ангажирани. За секој што не ги почитува препораките и потпишаните изјави за самоизолација, ќе има сериозни санкции, не само парични, туку и затворски, рече попладнево премиерот Оливер Спасовки.
Во изјава за Македонската радиотелевизија, Спасовски информира дека утре ќе бидат донесени првите владини одлуки за рестриктивни мерки.
Ограничување на движењето на граѓаните, ограничување на собирите повеќе од сега, ограничување на некоја работа, се само некои од мерките кои можеби ќе бидат донесени.
– Ова е тешка состојба во која прв пат се наоѓаме и која не обврзува сите, и институции и граѓани и стопанство и медиуми, да бидеме заедно за да ја добиеме битката. Сите сме одговорни. Мора да се почитуваат владините одлуки, секој да понесе дел од одговорноста за справување со корона вирусот. Воведувањето вонредна состојба всушност ги концентрира сите инструменти на ефикасност во Владата. Се остава простор за носење уредби со закоснка сила, да се променат одредени законски решенија во фунцкија на справување ос корона вирусот, потенцира Спасовски.