
Во македонскиот Устав има посебна глава што се однесува на вонредна и воена состојба, а пристапот е рестриктивен, а не екстензивен и кај нас вонредна состојба може да се прогласи само заради елементарни непогоди и епидемии.
Во поекстензивните устави тоа може и во случај на немири, терористички напади, поголеми штарајкови. Добро е што немаме ваков пристап затоа што ова немаше да биде првпат да имаме вонредна состојба, рече професорката Горадана Силјановска давкова говорејчи за одлуката за воведување на вонредна состојба поради коронавирусот. Силјановска на оваа тема говореше на телевзија Алфа.
-Во нашиов случај вонредната состојба е врзна за пандемијата и епидемијата, зошто Собранието е распуштено обврската ја презеде претседателот. Претседaтелот направи добар потег, државнички, бидејќи тој е претседател на сите граѓани и имаше доблест да ги викне експертите по уставно право за да слушне различни ставови и дилеми.
Ова е многу важна и тешка одлука, бидејќи една од темелните вредности е поделба на власта и треба да има спреги и кочници. Во интерес на вистината на расправата кај претседателот се збореше дека треба да се врати во заседание распуштениот парламент, но одговорно тврдам дека нема случај освен во нашата распуштено собрание повторно да се врати со образложение дека не е довршен мандатот од 4 години и дека во во вонредна состојба може да се продолжи. Но, внимавајте може да се продолжи мандатот ако мандатот постои, но не може да се продолжи престанат мандат како кај нас што е случајот сега. Сега може да се здобијат со мандат само врз основа на легитимитет добиен на избори, рече Силјановска.
Силјановска објасни дека во случај на воена и вонредна состојба да се носат закони ингеренцијата најчесто е во рацете на претседателите, а кај нас на Владата.
-Ситуацијата бара оперативност, брза реакција, ефективност и кога тоа е еден човек гаранцијата е поголема, отколку што тоа е случај со парламентот. Кај нас кај владата се сега овие ингеренции, кај другите земји кај претседателите, објасни Силјановска.
Професорката додаде дека уставна категорија е вонредна состојба, но не е конкретизрана со закон. Со закон, додаде таа, е конкретизрана кризна состојба која пак не е уставна категорија што е чудно.