По избувнувањето на пандемијата со новиот сој коронавирус кон крајот на декември во Кина, болеста Covid-19 однесе најмалку 8.784 човечки животи во светот и до средата според бројот на починатите е посмртоносна во Европа отколку во Азија, додека берзите паѓаат и покрај најавените милијарди помош, изестува агенцијата AFP според податоциите од официјални извори собрани до 19,30 часот.
Со повеќе од 209.500 регистрирани случаи во 150 земји, сѐ поголем дел од светот е во застои и се учи да живее дома за да се заштити од вирусот – „непријателот на човештвото“, како што го нарече генералниот секретар на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Според податоците објавени во средата вечерта, од вторникот во истиот период од денот, починале 948 лица и забележани се 18.313 нови случаи на заразата во светот.
Земји во коишто починале најмногу луѓе во последните 24 часа се Италија со 475 починати, Иран со 147 и Шпанија каде умреле 107 лица, а со новите 33 смртни исходи само во еден ден , Велика Британија сега има веќе 104 жртви од 2.626 заразени.
Континентална Кина, без Хонгконг и Макао, досега регистрирла 80.894 случаи на заразата, од кои 3.237 починале и 69.601 пациенти оздравеле. Од вторникот до средата во Кина имало само 13 новозарезени и 11 починати.
Најзафатените земји по Кина, се Италија со 2.978 мртви и 35.713 случаи на зараза, Иран со 1.135 починати од 17.161 заразени, Шпанија со 598 жртви од 13.716 случаи и Франција со 264 починати од 9.134 случа на заразата.
Во последните 24 часа, од вторникот вечерта, Сан Марино, Турција, Бангладеш, Молдавија, Куба, Буркина Фасо и Словенија ги објавија првите смртни случаи. Додека Киргистан, Црна Гора, Џибути и Гамбија ги забележаа првите случаи на зараза.
Според континентите, Азија до средата вечерта регистрирала 93.955 случа на зараза од кои 3.384 починати, Еврома има 86.0о94 случаи со 4.112 починати, Блискиот исток 19.210 случаи и 1.152 починати, САД и Канада 7.748 зарази со 104 мртви, Латинска Америка и Кариби имаат 1.324 потврдени случаи и 10 мртви, Африка има 596 случаи и 16 мртви и Океанија има 576 случаи и 6 починати.