
Светската здравствена организација (СЗО – WHO) ги координира тестирањата на неколку можни легови за новиот тип коронавирус Covid—9, изјави челникот на организацијата Тедрос Аданом Гебрејесус.
„Повеќекратните помали испитувања со различни методи можени нема да ни овозможат јасни силни докази, кои ни се потребни, за тоа кој третман помага при спасувањето на животите. Оваа голема, меѓународна студија, е осмислена за да генерира потребни робусни податоци, за да се покаже кои третмани се најефикасни“, изјави Тедрос вна прес-конференцијата во Женева во среадата.
Досега Аргентина, Бахреин, Канада, Франција, Иран, Норвешка, Јужна Африка, Шпанија, Швајцарија и Тајланд потврдија дека ќе му се приклучат на проектот кој вклучува и тестирање на легови кои изворно се развивани за сузбивање на ХИВ и лекување на маларијата.
Иако повеќето пациенти кои се зразауваат со коронавирусот имаат само благи симптоми, СЗО истакнува дека, при идеално сценарио, би требало да бидат лекувани во болници, како и дека не би требало да закрепнуваат во своите домови.
„Каде и да е тоа можно, потврдените благи случаи би требало да бидат изолирани во здраствените установи, каде обучени професионалци може да прижат добра здравствена нега, да се спречи прогресијата на болеста и натамошната трансмисија“, рече Тедрос.
Главниот советник на британската влада за наука и научни истражувања, Патрик Валанс, изјави во средата дека Обединетото Кралство во истражувањата се фокусира на два типа тастови за борба против коронавирусот, од кои еден е тест на вирусот, а другиот е тест на антитела против коронавирусот, којшто, како што рече, е многу поважен. Валанс рече дека тестот на антителата е „гејмченџер“, односно факторр кој значително ја менува постојната ситуација во борбата против коронавирусот.
„Тоа напредува многу брзо“, рече алудирајќи на развојот на тестот. Додаде дека владата бара начини за „добивање многу пораширени верзии на овој тест“.