
Веќе сме заборавиле кога фудбалските репрезентации користеа нормално, едностави дресосови, кои беа комбинација од една или најмногу две бои. Спортските брендови се во постојана трка со времето и конкуренцијата, постојано дизајнираат нови модели со помош на најновите технологии.
Меѓу најинтересните ќе ги вброиме дресовите на фудбалската репрезентација на Италија и на Португалија.
Италија веќе неколку години носи дресови на познатата спортска марка “Пума”. Во Бразил, избраниците на Чезаре Прандели ќе имаат дресови со специјални ленти кои ќе ги масираат мускулите и ќе ја обновуваат нивната енергија уште на зелениот терен.
Репрезентативците на Португалија сосат дресови на познатата марка “Најк” која ја користи технологијата “драј-фит”, која му дозволува на материјалот да се провертува и не дозволува задржување на потта.