
Поради забраната за влез во Полска за сите странци на германско-полските патни гранични премини во четвртокот се создаваат колони долги и до 60 километри.
„Ситуацијата на границата кон Полска навистина е драматична. Ние сме во постојан контакт со полските власти“, изјави за германскиот јавен сервис министерот за надворешни работи Хејко Маас.
Најголемите гужви се бележат на граниониот пренми Герлиц (Згорзелец), каде што колоната во средата вечерта достигнала должина од 60 километри. Припаднции на службата за тејничка помош THW и на германскиот Црвен крст од понеделникот на возачите заглавени на границаата им делат храна и пијалаци.
Слични колони има и на граничниот премин Франкфурт на Одра, источно од Берлин. Полицајците од колоната ги ваделе камионите со жива стока која потоа е сместена кај локалните фармери.
Во четвртокот утрото беше објавено дека со полските власти е договортено отворање на посебни траки за транзитниот сообраќај. Маас верува дека ситуацијата ќе се подобри во текот на следните денови.
Полска во меѓувреме ги ублажи контролите на товарните возила, како и за патниците кои поради работата секојдневно ја минуваат гранциата. Полските власти од неделата го забранија влезот за сите странци.