Во земјата во средата вечерта беше воведена вонредна состојба, поради состојбата со коронавирусот од кој секој ден има повеќе заболени, но истовремено е извршен избор на десет судии и одлуката е експресно објавена во Службен весник.
Инаку првичните мерки во насока за спречување на ширењето на заразата од коронавирусот доцнеа тикму поради тоа што не беа навремено објавени во Службен весник.
И додека целата држава и институциите и граѓаните се ангажираат во справувањето со коронавирусот во новонастанатите мерки, донесени се одлуки за избор на судии во Кривичен, Основен граѓански и Апелационен суд.
Оваа одлука е во најмала рака скандалозна, бидејќи изборот на судии се врши во време додека државата е во вонредна состојба првпат воведена од осамостојувањето на Република Македонија, а граѓаните во страв поради коронавирусот.