Со вчерашните нови 427 смртни случаи, Италија, со сега вкупно 3.405 починати, ја надмина Кина на црниот список на починати од коронавирусот. Вчера во Италија имало 5.322 новозаразени.
Италија, со популација од околу 60 милиони, забележа најмалку 3.405 смртни случаи од корона вирус, што е за околу 150 повеќе отколку во Кина, земја со 20 пати поголема популација.
Италија ја достигна поголемата бројка, на истиот ден кога Вухан, кинескиот град каде најпрво се јави корона вирусот пред три месеци, не забележа ни еден нов случај на зараза од корона вирусот. Ова покажа дека драконските мерки за изолација, во комунистичката земја се покажаа поефикасни во справување со вирусот.
До синоќа до 20 часот вкупно во светот се регистрирани 239.837 заразени со Ковид-19, од кои починати се 9.953, а 86.681 се излекувани досега.