
Американскиот претседател Доналд Тремп во петокот рече дека поради ширењето на новиот тип коронавирус кој го предизвикува заболувањето означено како Covid-19, ја активирал посебната мерка ткн Defense Production Act, кој на владата ѝ овозможува на индустријата да ѝ наложи производство на потребната медицинска опрема.
Трамп рече дека ја активирал мерката во четвртокот вечерта. Републиканскиот претседател и лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, во петокот телефонски разговарале за овој проблем.
„Се повикав на Defense Production Act, а синоќа и го активирав“, рече Трамп.
Оваа мерка ѝ овозможува на владата на САД да го забрза производството на заштитни медицински маски, респиратори, вентилатори и друга потребна опрема.
Овој Defense Production Act, воведен во текот на Корејската војна од 1950 година, на владата ѝ дава овластувања над приватните компании, на пример, да ги принуди да произведуваат одредени продукти.
Трамп претходно во средата најави дека ќе се повика на закон од времето на Корејската војна, за да може да ги користи овластувањата предвидени со оваа мерка во борбата притив коронавирусот.
„Ова што го водиме е војна, тоа е многу многу тепка ситуација“, изјави американскиот претседател на прес-кофнеренцијата во Белата куќа, една седмица откако ја релативизираше опасноста од короанвирусот.