Над 252.700 заразени од коронавирусот во светот, во Европа ечеше химната на Ливерпул

Повеќе 252.700 луѓе се заразени со коронавирусот ширум светот, а починале 10.451, јавуваат во петокот светските агенции истакнувајќи дека бројот на смртните случаи во Италија го надминал бројот на леталните исходи во Кина, која се смета за извор на заразата.

Според најновите резултати, во последните 24 часа во Италија од заразата со коронавирусот починале 627 лица, со што бројот на починатите во оваа земја, која моментално е најпогодената со Covid-19 достигнал 4.032 луѓе.

Италија во петокот забележала речиси 6.000 нови случаи на заразата, со што вкупниот број нарасна на 47.020 луѓе. Бројот на оздравените се зголемил за 15,5 отсто, на 5.129 луѓе, а бројот на пациентите на одделите за интезивна нега пораснал за 6 отсто, на 2.655 луѓе.

Италијанските региони најтешко погодени од коронавирусот во петокот дополнително ги заострија мерките за борба против ширењето на заразата, забранувајќи и шетање по паркови, рекреативно трчање и велосипедизам. Северниот регион Венето ги затвори парковите и им порача на граѓаните повеќе не смеат да одат на прошетки, дедека соседната Емилија Ромања го забрани трчањето и возењето велосипед, порачувајќи му на населението да остане дома за да се спречат новите зарази.

Случаите на заразата со Covid-19, болеста која ја предизвикува новиот коронавирус, забележани се во 184 земји. Во петокот вечерта, Зимбабве, на пример извести за првиот случај на заразата, а Израел за првиот смртен случај.

Челникот на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) ги предупреди во петокот младите дека „не се непобедиви“.

„Младите ширум светот мора да се соочат со реалноста и да знаат дека Covid-19 не ги погаѓа само старите луѓе (…) Не сте непобедиви. Овој вирус може да ве испрати во болница на неколку седмици, но дури може и да ве убие“, рече Тедрос Аданом Гебрејесус.

Порача дека во борбата против коронавируст е важна соработката меѓу земјите, но и меѓу генерациите и им се заблагодари на оние млади кои штитејќи се себеси ги штитат и постарите.

Шпанската влада ги затвори во петокот сите хотели и хостели во земјата, во својот последен обид да го сопре ширењето на коронавирусот, кој во земјата досега однесе над илјади животи и зарази речиси 20.000 луѓе.

Најновите податоци зборуваат дека во Франција починале 450 лица, речис 80 смртни случаи во последните 24 часа. За последното деноноќие бројот на заразените се зголемил од 10.995 на 12.613. Од вкупниот број заразени во моментов хоспитализирани се 5.226 лица а на одделите за интензивна нега се 1,297 пациенти.

Шефот на управата за здравство, Жером Саломон, во изјавата од петокот ноќта истакна дека од хоспитализирани 35 отсто пациенти се во групата над 65 години, во која смртноста изнесува 87 отсто.

Во Холандија бројот на заразени се зголемил за 534 и сега има 2.944 заразени, а бројот на починати се зголемил од 30 на 106. Според тамошниот Национален здравствен институт, починатите се на возраст меѓу 63 и 95 години. Хоспитализирани се 643 пациенти.

Во Велика Британија од 66.976 тесторани на коронавирусот позитивни биле 3,983 лциа. Од четвртокот кон петокот бројот на починатите се зголемил од 144 на 177 луѓе.

Ирска пријави 126 нови случаи, па бројот на заболените во петокот се искачи на 683. Грција пак доцна вечерта пријави вкупно 10 жртви, а бројот на заболените последниот ден се зголемил за 31 и вкупно изнесува 495 лица.

Растат бројките и во многу други земји низ светот.

А култната песна „You’ll never walk alone“, една од најпознатите фудбалски химни, ечеше во петокот на радио станиците на 30-ина европски земји со порака за солидарност.

„Химната на Ливепрул е емитувна истовремено на 180 европски радиостаниц“, објави на Twitter, Сандер Хогендрон, холандски диџеј. Иницијативата ја покрена холандското радио 3FM.