
Заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска и нејзините сопартијци ќе земаат по 1.000 евра месечно апанажа од Собранието, чиј легитимитет не го признаваат. Нејзиниот пример ќе го следат и останатите пратеници на СДСМ, со што апанажата достигнува баснословни суми и неработењето на СДСМ ќе ги чини граѓаните премногу, пишува Курир.
На собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денес едногласно беше изгласана одлуката да им се прифатат барањата за апанажа. Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа „за“, но ваквите барања ги окарактеризираа како невидено лицемерие.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Ромео Тренов посочи дека Шекеринска лицемерно бара апанажа од пратениците за кои вели дека се дојдени на власт по за нив нелегитимни избори.
-Ова нема врска со морал и етика. Шекеринска барањето го достави кусо пред рокот. Таа свесно не се стави себе си на пратеничка листа, сега бара пари, а нејзините сопартијци ги натера да поднесат оставки. Таа ги „вози“ своите колеги, а должна е да им го објасни нејзиното барање, истакна Тренов.
Пратеникот уште обвини дека Шекеринска успешно „пере“ по 5 илјади евра месечно за кирија, а сега ќе земе плус 1.000 евра.
-Дали кога апанажата ќе стигне на вашите сметки ќе ги подигнете парите кои ви се изгласани во Собрание кое не го признавате и со кое достоинство ќе ги земете истите“, ова прашање на своите колеги од опозицијата им го постави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Тој додаде дека се надева оти барањето на СДСМ значи промена на нивниот став и дека тие со ова барање даваат легитимитет на Комисијата.
-Ова е или хипокризија или демантирање на партиските ставови. СДСМ губи со години и неможејќи да најде начин да го победи ВМРО-ДПМНЕ превзема вакви чекори, истакна Николоски.
Исто вакво обвинување даде и пратеничката Силвана Бонева која посочи дека пратениците од опозицијата кои добија мандат ги доставиле своите трансакциски сметки каде ќе им „легне“ и првата плата.
Контраверзно е тоа што вториот човек на СДСМ не го признава Парламентот, за што поднесе и оставка од функцијата пратеник, ама ги признава парите од парламентот. Таа испратила барање за апанажа искористувајки ја законската можност која и ја овозможува Законот за пратеници, наспроти претходното тврденје на Зоран Заев и забуната што сакаше да биде направена тврдејќи дека апанажата следи за пратеници со најмалку една година стаж.