Бројот на починатите од Covid-19 во последните 24 часа се зголемил од девет на 21 лице, а бројот на потврдените случаи на заразата драстично скокнал од 277 на 947, објави во саботата вечерта турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.
Коџа додаде и дека во последното деноноќие биле спроведени 2.953 тестови на коронавирусот.
„Да ги предупредиме нашите постари. Ризикот од смрт се зголемува со годините на возраста“, рече министерот.
Турција во саботата воведе делумен полициски час за своите граѓани повозрасни од 65 години и за хронично болните.
Турското министерство за внатрешни работи во саботата објави дека сите угостителски објекти за храна може само да доставуваат или да подготвуваат храна за носење.
Турција, исто така, во саботата привремено го забрани слетувањето на авионите од уште 46 земји. Претходно беа забранети летовите од 22 земји. Новата забрана за летови ги вклучува и Канада и северниот турскиот дел на Кипар.
Од претходно во Турција се затворени училиштата, кафеаните и баровите, забранети се масовните молитви, излетите и традиционалните скари на отворени, а на неодредено се суспендирани и натпреварувањата во најсилните лиги.