
Владата на синоќешната седница ја разгледа и усвои информација за исплата на пензии за март 2020 година и им препорача на банките порано да обезбедат исплата на пензиите односно од 28-ми март.
Претходно, како што соопштија од владината служба за односи со јавноста, вицепремиерката Мила Царовска контактирана со Македонската банкарска асоцијација.
„По добиеното известување од Македонската банкарска асоцијација, кабинетот на вицепремиерката предложи, а Владата прифати да им се препорача на деловните банки да обезбедат исплата на пензии од 28 март“, се наведува во соопштението.