Наместо борба за сликање и ПР, потребна е вистинска борба за стопирање на корона пандемијата. Наместо сомнителни награди за деца на функционери на власта, потребно е суштинско делување, бара Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на советничката група:
Затоа како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ апелираме до градоначалникот Петре Шилегов да преземе поширок акциски план во рамките на неговите надлежности и градски овластувања за заштита на здравјето на Скопјани.
И тоа:
- Барање и носење на одлука за 24 часовно затворање на сите паркови и игралишта за кои е надлежен градот Скопје.
- Неколкукратно зголемување на капацитетот на јавниот превоз со одлука за редуцирање на патниците во него и одржување на безбедно растојание.
- Набавка и делење на бесплатни маски и ракавици за корисниците на градскиот јавен превоз.
- Секојдневно чистење и дезинфицирање на фонтаните и парковите, на справите на Кеј и чистење на Кејот, туристичките места, автобусите и постројките.
- Чистење и дезинфекција на катните гаражи и ограничување на работата на дел од нив согласно полицискиот час, за да се стимулираат луѓето да останат дома.
- Организирање на ликовен и литературен конкурс за младите „Остани дома, спаси живот!”
- Организирање на акции на комунална хигиена и отворање на број за пријава за подигање на смет.
- Во соработката со министерството за образование итно организирање на активна интернет платформа за онлајн учење на средните училишта.
- Ослободување на деловните објекти и компаниите погодени од корона вирусот од плаќање на данок на имот.
- Кратење на непродуктивните трошења на Градот Скопје и градоначалникот Шилегов.
Напоменуваме дека оваа вонредна состојба и’ овозможува на владата да донесува oдлука за употреба на ресурсите на органите на државната управа, органите на општините и на Градот Скопје, како и за управување со нив и во случај на вонредна и кризна состојба. Употребата на ресурсите за остварување на активностите треба да биде пропорционална според природата и интензитетот на состојбата. Така што сега формално надлежностите од собрание, град Скопје и општините се дадени во рацете на Влада, која пак сега ги остави техничките надлежности и доби вонредна можност да носи одлуки со законска сила.
Се надеваме дека желбата за ПР градоначалникот Шилегов ќе ја замени со желба за работа и суштински и одговорно водење на градот Скопје. Апелираме да се разгледаат овие мерки и истите да се применат, затоа што секој живот вреди.