![koronavirus iran](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/koronavirus-iran-2.jpg?resize=650%2C365&ssl=1)
Заразата со новиот тип коронавирус во неделата брзо се шири низ Европа, во прв ред во Италија, каде што ситуацијата се оценува како „трагична“, доdека вториот бран ја зафаќа Азија а вниманието се насочува кон Африка.
Повиците на самоизолација и карантин се упатуваат ширум светот за да се спречат собирите на луѓето и контактите додека заразата со коронавирусот брзо се шири, а ситуацијата во Италија e застрашувачка.
Од кинескиот град Вухан, од каде пандемијата започна да се шири кон крајот на декември, до американската метропола Њујорк, повеќе од 900 милиони луѓе мора да останат во домовите за да не се заразат со вирусот од кој веќе заболеа повеќе од 300.000 луѓе во светот, до кои половината во Европа.
Речиси 14.500 луѓе во светот починаа, од кои повеќе од половината во Европа. Италија е најпогодената земја каде во последните 24 часа од коронавирусот умреле нови 651 лице, со што бројот на жртвите се зголеми на 5.476, соопштија во неделата вечерта. Во Италија заболени се 59.138 лица, односно бројот на новозаболени нарасна за 10,4 отсто, што е најмал раст откако болеста „експлодира“ на 21 февруари, Од вкупниот број нзаразени од вирусот досега заздравеле 7.024 лица , а на интензивна нега се уште се наоѓаат 3.009 лица. Најпогоден е северниот регион Ломбардија, кој се смета за епицентар на епидемијата, каде се регистрирани 3.456 смртни случаи и 27.206 заразени лица
Италија ја преживува ситуацијата од каква што стравуваат сите други земји во светот, бидејќи се чини дека во некои нејзини региони болеста е целосно вон контрола, а болниците се пренатрупани. За жал, и на гробиштата во некои места повеќе нема места, па починатите се пренесуваат во други делови од земјата, за погребување или кремирање.
Шпанија, втората најтешко погодената земја во Европа, во последните 24 часа бележи речиси 400 нови починати, односно плус 30 отсто, па вкупниот број се искачува на 1.720 жртви. Голема полска болница е поставена во Мадрид, а владата побара продолжување на крантинот до 11-ти април.
Во Франција, каде што бројот на починатите скокна за 20 отсто, на 562 лица, „бранот пристигна“, рече кусо претседателот Емануел Макрон подготвувајќи ги сонародниците за продолжување на карантинот.
Преку Каналот, во Велика Британија, по првичните благи реакции на политиката, сега стасуваат предупредувања. „Бројките брзо растат. Од Италија сме само неколку седмици“, предупреди во неделата премиерот Борис Џонсон. Владата во Лондон поради ширењето на епидемијата нареди на почетокот од викендот затворање на сите училишта, пабови, кино и спортски сали, ноќни клубови, но сѐ уште не е воведен општ карантин.
Листата на земји кои се поштедени од зараза или смртни случаи од час в час се скусува. Во недела првите жртви ги пријавија Македонија, Косово и Романија…
Ситуација во Америките
„Бомбата со задоцнето палење“ како што се нарекува во медиумите ситуацијата со пандемијата, има и економка страна. За да ѝ се помогне на економијата во којашто цели сектори замреа навестувајќи социјална и финансиска криза, САД се подготвуваат да ѝ одобрат на централната банка директно кредитирање на компаниите. И тоа со досега невиден износ од 4 трилиони долари, што е петтина на годишното богатство коешто го произведува американската економија.
Додека во САД околу 30 отсто од населението е во карантин, Латинска Америка се реши на истите мерки. По Венецуела, Аргентина и Салвадор, и Боливија во неделата воведе карантин, а Чиле воведе полициски час во текот на ноќта.
Бразил, која е најтешко настраданата земја во овој дел од светот со 1.128 заразени од кои 18 починале, со 210 милиони жители, сѐ уште не се решава на построги мерки. Иако претседателот од крајната десница, Жаир Болсонаро, упорно ја намалува тежината на епидемијата, гувернерите на највлијателните сојузни држави Сао Паоло и Рио де Жанеиро воведоа рестриктивни мерки.
Страв од „вториот бран“ во Азија
За здравствените експерти е големо прашање дали Азија, којашто има над 95.000 потврдени заразени лица, ја зафаќа вториот бран од епидемијата.
Додека во континентална Кина, без Хонгконг и Макао, бројот на заразените е во постојан пад, во неделата се забележани 46 нови случаи. Меѓу нив 45 случаи се „увезени“, но тоа покажува дека земјата жариштето на пандемијата не е заштитена од повторување на болеста.
Во Тајланд, каде што во неделата се пријавени 188 новозаболени, што е најголем дневен пораст од почетокот на пандемијата, сѐ погласни се барањата за прогласување општ карантин во Бангкок, мегалополисот со повеќе од 10 милиони жители и епицентарот на кризата со заразата.
Милиони Индијци во неделата го почитуваа полицискиот час на доброволна основа во втората најнаселена земја на планетата со 1,3 милијарди жители во која има само 320 заболени, што се смета за многу потценета бројка.
Иако досега тешко е погоден со речиси 1.700 жртви, според официјалните податоци, постојат сомневања дека Иран воведува со воведување на карантинот. Соседниот Ирак, пак, во неделата воведе полициски час во 18 покраини во земјата чиј здравствен систем е уништен, по смртта на 20 лица, додека бројо на заразените постојано се зголемува.
Дали и колку ќе страда Африка
Здравствените експерти сега го поставуваат прашањето, дали Африка, којашто сѐ досега беше главно поштедена од пандемијата споредено со другите континенти, ќе настрада. Некои од нив, пак, сметаат дека вистинското прашање е колку „Црниот континент“ ќе настрада од Covid-19.
Светската здравствена организација (СЗО – WHO) деновиве повеќепати изразуваше загриженост поради ширењето на коронавирусот на афркиканскиот континент, предупредувајќи дека тамошните здравствени системи имаат огромни потреби од финансии.
Алжир во неделата извести дека има нови 62 случаи на зараза со Covid-19, а вкупно досега во оваа земја има 201 заболен.
„Да бидеме одговорни. Сите ќе умреме и ќе завршиме во пеколот!“, изјави портпаролот на владата на Зимбабве, Ник Менгаван, откако во неделата и покрај забраната за собири на повеќе од 100 лица, верниците ги преплавија црквите во главниот град Хараре.
Во нигерискиот финансиски и трговрски центар Лагос, мегалополис со 20 милиони жители, полицијата со мегафони се одбидуваше да ги спречи верниците да влезат во храмовите, коишто во Нигерија, речиси на полоа поделена меѓу христијанството и исламот, речиси секогаш се полни со луѓе.
Во неделата Руанда е затворена и за влез и за излез од неа, а населениот останува во своите домови. Ова е најдрастичната мерка преземена во Африка јужно од Сахара, во делот од светот со речиси невидлив здравствен ситем и во кој бројот на заразените последните денови константно расте.
Од Буркина Фасо во западна Африка, до островот Маурициус пред источниот африкански брег, владите забранија јавни собири, ги затворија училиштата, црквите, џамиите, рестораните, ноќните клубови и аеродромите.
Уганда и Еритреја се вброија во списокот африкански земји кои овој викенд изветија за пртвите потврдени случаи на коронавирусот. Танзанија, Етиопија, Маурициус и Кенија, пак, известија за новозаболени, откако првите случаи беа откриени минатиот викенд или на почетокот од семицава.
Кенија која во неделата го дуплираше бројот заразени од седум на вкупно 15, објави дека од среда на полноќ ги укинува сите меѓународни летови, освен товарните. Во Африка јужно од Сахара забележани се над 1.000 заразени со коронавурусот.
Во Етиопија во неделата пристигнале 1,1 милиони тестови за коронавирусот, 6 милиони маски и 60.000 заштитни одела, како донација од кинескиот милијардер Џек Маа.