
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, денеска пристигна во Авганистан во обид да помогне во спасувањето на историскиот договор меѓу Вашингтон и талибанците, постигнат на крајот на февруари, но нарушен од политички судири и насилство.
Помпео слета во Кабул за да се состане со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и неговиот политички ривал Абдула Абдула, кој исто така тврди дека е претседател.