Во Дебар и Центар Жупа ќе се издаваат пропусници за движење

Владата на 13 март 2020 година донесе одлука за воведување на кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа со цел прекин на ширењето на корона вирусот. Од таа причина Центарот за управување со кризи одлучи заради регулирање на движењето и работата во подрачјето зафатено со кризна состојба, на учесниците во Системот за управување со кризи, како и на учесници од меѓународни и други организации и институции, да им се издава одобрение – пропусница.

– Се известуваат сите Субјекти од Системот за управување со кризи и други субјекти кои спроведуваат мерки и активности, а се поврзани со потреба од движење и работа на подрачјето каде е прогласена кризна состојба, дека Центарот за управување со кризи ќе започне со примена на оваа законска одредба и ќе издава Пропусници, започнувајќи од 23 март 2020 година, од 17:00 часот, соопштија од ЦУК.

Од ЦУК наведоа дека барањата за пропусница да се доставуваа на следната е-маил адреса: [email protected]. Во барањето потребно е да се наведат следните податоци:тип на барател (физичко или правно лице), име и презиме на барател/носител на пропусницата, адреса на барателот, подрачје на движење за кое се однесува барањето, датум на поднесено барање и датум на важност на пропусницата.