Во Србија 27 новозаразени, вкупно потврдени 249 случаи на коронавирус

До понеделникот, 23-ти март, во 15 часот во Србија регистриани се вкупно 249 потврдени случаи на коронавирус, соопшти на прес-конференција во владата епидемиологот Предраг Кон.

Бројот новотестирани изнесува 61 лице, од кои 27 биле позитивни и 34 негативни на вирусот Covid-19.

„Од 27-те нови случаи, деветнаесет од нив се хоспитализирани и се во стабилна состојба, додека осум се наоѓаат на домашно лекување. Вкупно хоспитализирани се 125 лица, од кои на респиратори се ставени шеснаесет лица“, изјави Кон.

Досега во Србија од коронавирусот се излечени три лица, изјави тимот медицински експерти кои од неделата ги држат редовните прес конференции во српската Влада.

Во националната референтна лаболаторија на институтот „Торлак“ тестирани се вкупно 822 лица, кои имаат исполнето критериумите за дефинирање на случаевите, соопштија од министерството за здравство.

Подоцна во понеделникот членовите на економскиoт и здравствен кризен штаб за сузбивање на коронавирусот и тимот на лекари од Кина ќе се сретнат со претседателот Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ, по што во 18 часот претседателот Вучиќ ќе одржи прес конфееренција.