Италијанските доктори се на крај со силите, и самите заболуваат

Во италијанската болница Oglio Po, 25 од 90 лекари се заразени со новиот коронавирус, што зголемува притисок врз здравствениот систем кој веќе е преоптеретен од пандемијата.

Петтина вработени во болницата се заразени со коронавирусот, изјави шефот на болницата Даниела Ферари.

Тие и здравствените работници како нив скоро сигурно го ширеле вирусот, дури и да не знаеле пред да им треба лекување или да заминат во самоизолација, веруваат експерти и лекарски синдикати. Состојбата е влошена од фактот дека немале доволно маски и раквици при откривање на инфекцијата пред еден месец.

На крајот сме со силите. Немаме доволно ресурси и особено персонал затоа што, меѓу другото, и персоналот сега почнува да се разболува, изјави лекарот Романо Паолучи, кој се врати од пензија за да и помогне на болницата Oglio Po крај Кремона, еден од најтешко погодените градови во Ломбардија.

Во Ломбардија, регион со најмногу заразени и починати, најмалку две болници станаа жаришта на инфекција. Пациентите го заразиле медицинскиот персонал, кој потоа го ширел вирусот со преселување во нивните заедници пред да се воведе строг карантин.

Тоа е еден фактор што придонесе за такво брзо ширење на вирусот. Пациентите заразија други пациенти и лекари кои потоа излегоа и ги заразија другите, рече Џузепе Ремузи, директор на Институтот за фармаколошки истражувања Марио Негри.

На национално ниво, 4.268 здравствени работници, или 0,4 проценти од вкупниот број, се заразиле со вирусот до 20 март, според Националниот институт за здравство.

Во Бергамо, северо-источен Ломбардија, 134 матични лекари, 600 или 22 проценти, се разболеле или се во карантин, вели Гвидо Маринони, шеф на локалното здружение на лекари по општа пракса.

Починаа тројца лекари. Ситуацијата е уште полоша во пензионерските домови – заразени се 1464 здравствени работници од 5.805.

Шефот на владиниот кризен штаб за борба со пандемијата на коронавирусот изјави дека на Италија и се потребни 90 милиони маски месечно и ги „активираше сите можни канали“ за да ги добие.

Гувернерот на Ломбардија, Атилио Фонтана, изјави во четвртокот дека потпиша договор за четири милиони маски од Јордан.

Во неколку болници и здравствени центри во Милано, јавни и приватни, вработените и синдикатите исто така се жалат на несоодветни мерки за заштита на вработените.