
Регионалниот центар за управување со кризи информира дека утре, 12.06.2014 година без вода ќе останат дел од корисниците во Центар.
Според соопштението прекин во водоснабдувањето во периодот од 9:30 до 15:30 ќе имаат жителите на булеварот Кочо Рацин и улицата Мирче Ацев. Прекинот ќе биде поради промена за затворач на улицата Мирче Ацев, кој е најавен од страна на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.