Италијански свештеник се жртвуваше за помлад пациент

Италијански свештеник, кој бил заразен од коронавирусот а се откажал од респиратор за да го добие помлад и нему непознат пациент, починал од последиците на Covid-19 во болница во Ломбардија.

Најмалку педесет свештеници, според досегашните податоци, починале од коронавирусот во Италија.

Седумдесет и двегодишниот свештеник Џузепе Берардели починал во болница на подрачјето на Бергамо, кое е меѓу најтешко погодените со коронавирусот.

Берардели бил намесник во местото Касниго, и починал минатата седмица во болницата во Ловере. Болничкиот персонал рекол дека отец Берардели го одбил респираторот кој парохјаните го купиле за него и решил уредот да му помогне на помлад пациент.

Жителите на Касниго со ракоплескање од своите прозорци и балкони го испратиле минувањето на ковчегот со неговото тело на патот кон локалните гробништа. Поради мерките за изолација, немало никакво обред.

Во вторникот папата Франциск ја предводеше молитвата за починатите лекари и свештеници и му се „заблагодари на Бога на нивниот храбар пример на служењето на болните“.

Италија е земјата со најмногу заразени и починати од коронавирусот во Европа, а состојбата е најтешка во северната покраина Ломбардија. Коронавирусот забрзано се шири по планетата, се појави во 160 земји и региони, и усмрти над 16.000 луѓе.