
Министрите за европски работи на земјите членки на Европската унија постигнаа во вторникот политички договор за отворање на преговорите за полноправно членство со Македонија и Албанија, а формалната одлука за тоа ќе биде донесена по писмен пат.
Советот на се согласи за почеток на преговорите за прием во Унијата на Македонија и Албанија, објави еврокомарот за проширување Оливер Вархеjи на Twitter.
„Со задоволство сакам да известам дека земјите на ЕУ постигнаа политички договор за почетокот на преговорите за пристапување со Албанија и (…) Македојнија. Искрено им честитам на двете земји. Ова, исто така, испраќа јасен сигнал до Западен Балкан: вашата иднина е во ЕУ“, напиша унгарскиот дипломат на Twitter.
Имајќи предвид дека Советот за општи работи, кој го сочинуваат министрите за европски прашања на земјите членки, одржаа видео-конференција на којашто не може да се усвојуваат одлуки, а заклучоците ќе бидат усвоени преку писмена процедура.
Во Брисел се очекува дека Европскиот совет, односно шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ, исто така, ќе ги поддржат овие заклучоци на видео-конференција во четврток.
Договор за отворање на преговорите со Македонија и Албанија беше постигнат на ниво на амбасадори на земјите членки во понеделникот, и сега станува збор, според оптимистичките најави, само за формализирање на одлуката.
Кога станува збор за Македонија, првата меѓувладина конференција би трабало да се одржи откако Советот ќе го договори текстот за Преговарачката рамка.
Хрватското претседателство предложило Европската комисија да се свика за двете земји „без одложување, а најдоцна до јуни“ и да направи предлог на Преговарачката рамка, но во текот на расправата на Комитетот на постојаните претставници околу тоа немало согласност и оваа формулација е исфрлена.
Тоа значи дека дел од земјите членки на ЕУ сакаат да остават простор за одолговлекување пред вистинскиот почеток на преговогорите.
Преговарачката рамка е клучен документ со кој се дефинира како и на кои принципи ќе се одвиваат пристапните преговори. Рамката треба да ја усвојат земјите членки едногласно, и тоа е услов за свикување на првата меѓувладина конференција за пристапување на којашто преговорите формално се отвораат. Самото усогласување на текстот на преговарачката рамка може да потрае.
Албанија, за разлика од Македонија, ќе добие и дополнителни услови, сметаат во европската престолнина.
Пред првата меѓувладина конференција за пристапувањето на која се отвораат пристапните преговори, Албанија, покрај другото, ќе мора да ги исполни условите во областа на борбата против корупцијата и организираниот криминал, да спроведе реформа на изборното законодавство и да го реши феноменот на големиот број неосновани бара за азил од страна на албанските дрќавјани во ЕИ и да осигури спроведување на нивна рептаријација.
И Македонија и Албанија ќе преговараат по новата методологија. Таа подразбира дека преговарачките поглавја се делат во шест тематски целини или кластери. Кластерот кој прв би требало да биде отворен и последен да биде затворен ги вклучува владеењето на правото, економските критериуими и реформата на јавната администрација.
Другите пет кластери се внатрешниот пазар, конкурентноста и вклучителниот раст, зелената програма и одржливата поврзаност, ресурсите, земјоделието и кохезијата, како и надворешните односи. Исто така, ќе може повеќе кластери да бидат отворени истовремено.
Преговорите во одредени области би можело да бидат ставени на пауза, или дури целосно запрени, а веќе затворените поглавја би можело повторно да бидат отворени, доколку биде оценето дека кандидатката земја покажува сериозна или долготрајна стагнација или назадување во спроведување на реформите и усполнувањето на условите од пристапниот процес.