
Секоја чест за тие кои голораки се борат во првите редови против пандемијата, докторите, медицинскиот персонал, полицајците, војниците. Капата долу, јунаци! напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„А, за овие профитерите како Заев, Филипче, Радмила, Оливер и останатите, срам и арам да им е што на маката на овие јунаци и честитоста на народот сакаат политички ловорики да добиваат.
Имам една порака до нив, ќе ве казни народот и тоа ќе ве казни жестоко на следните избори, кога и да се случат!“, пишува опозицискиот лидер.