Украина во фокусот на вториот ден од самитот на европските лидери

Актуелната состојба во Укарина беше во фокусот на дискусиите на вториот ден од самит на европските лидери во Брисел, како впрочем и сите одобрени прашања на прес конференцијата по завршување на состанокот, јавува дописникот на Нетпрес.

,,Можам да кажам дека нашата  понуда за политичка асоцијација и блиски трговски врски се’уште е на масата. Ние  ќе потпишеме , штом државата ќе биде поготвена. Ние ја почитуваме, но во исто време и жалиме за одлуката на Украина во ноември да не го потпише договорот, но иднината на нашите односи е на долги стази. Ние не можеме да дозволиме тоа да биде компромитирано со краткорочни калкулации“, изјави  председателот на Евопскиот Совет, Херман Ван Ромпуј.

Додека Европската Унија притиска за пристапување  на Украина , на денешната конференција остана неодговорено прашањето како ќе го зачува ,,својот кредибилитет“ во однос на пристапувањето на Македонија, која веќе осум години  е со кандидатски статус и пет години со препорака од Европската Комисија за одпочнување на преговори со ЕУ.

Од први јануари стратува Грчкото председавње со Европскиот совет и судејки според најавите на нивните преставници изминативе два дена –тие воопшто немаат намера да го отворат прашањето за добивање на датум за почеток на преговори –барем не до јуни идната година.

Еуфоријата со политиката на проширување заврши со доделување на датум за почеток на преговори на Србија на 21 јануари 2014.

Инаку за прв пат по пет години одбранбената политика се најде на врвот на агендата на Самитот во Брисел–пред европската криза. Председателот на Евопскиот совет, Херман Ван Ромпуј, информираше дека Европската Унија одобри 50 милиони евра за воената акција предводена од Франција за спречување на граганската војна во Ценралната афиканска република.Во однос на банкарската Унија, Ромпуј истакна дека е постигнатиот  политички договор кој вклучува механизам за затворање на неликвидните банки.