Италија ја мина Кина по заразените со коронавирусот, речиси 1.000 починати за 24 часа

March 25, 2020. REUTERS/Gonzalo Fuentes

Италијанските власти регистрирале 969 смртни случаи во последното деноноќие како резултат на болеста предизвикана од новиот тип коронавирус, што се 24 часа со апсолутно највисоката смртност на дневно ниво од избувнувањето на епидемијата, соопшти во петокот Службата за цивилна заштита, прецизирајќи дека се додаден 50-ина смртни исходи кои не биле земени предвид претходниот ден.

Во петокот инаку, во Италија се потврдени 9.134 смртни случаи, што е зголемување по неколкудневниот пад, а во четвртокот беа пријавени 662 жртви на коронаворусот. Забележано е и зголемување на новозоразените на дневно ниво, односно 4.401 лице.

Вкупниот број заразени лица од почетокот на епидемијата во Италија го надмина бројот на заразените во Кина и изнесува 86.498 луѓе, во кои се вмроени и починатите и 10.950 излекувани.

Во моментов водечки во светот според бројот на заразените се САД, каде што е потврдн 93.151 случај. Меѓутоа, таму бројот на смртните случаи е многу помал, односно 1.381 починати.

Во Кина каде растот на заразените се спушти на неколку десетици случаи на дневно ниво, вкупниот број на заразените со коронавирусот достигнува 81.340, од кои 3.292 починале а 74.588 биле излекувани.

Шпанија е на второто месето според стапката на смртноста од болеста Covid-19, каде што во моментов од 64.059 заразени починале 4.858 лица, а 9.357 оздравеле.