
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за емисијата „360 степени“, изјави дека во македонскиот Буџет недостигаат две милијарди евра, при што додаде дека тоа не треба да се крие и дека тоа треба да го знаат граѓаните.
Истакна дека реализацијата на буџетските приходи ќе биде околу 30 – 40 проценти, што значи дека ќе недостигаат 60 проценти од планирана наплата во Буџетот.
Мерката која ја предлагаме за кратење на платите на администрацијата можеби и нема да биде доволна затоа што недостигаат некаде околу две милијарди и 200, тоа се 60 otсто, рече Заев.
Додаде дека во моментов имаат усно одобрение за добивање на кредит во износ од 600 милиони евра, но тоа е малку затоа што до 2 милиарди и 200 имаме уште милиарда и 600 илјади евра. Но понудата на пари веќе не е така голема затоа што поголемите пари веќе ги земаа поголемите држави, рече Заев.