
Високиот италијански здравствен совет категорично го отфрла лабораториското потекло на новиот тип коронавирус, и ваквите претпоставки ги оцени како „фантастични“, изјави во петокот челникот на ова консултативно тело на владата на Италија, Франко Локатели.
„Ние нема да развиваме теории (за лабораторискот потекло на вирусот), коишто наликуваат на фантастичен биотероризам. Имаме апсолутно непобитни индиции дека е невозможно 2019-nCov да биде произведен во лабораторија. Секоја ваква претпоставка нема научна основа“, изјавил Локалтели кого го цитира службената италијанска новинска агенција Ansa.
Верзиите за можното вештачко потекло на коронавирусот се засилија откако на интернет и на социјалните мрежи беше емитувана репортажа од популарниот научен тв канал „Леонардо“ од 2015 година, во којашто се зборува за „модификација на вурусот SARS во Кина во експериментални цели“. Репортажата на своите профили на Facebook ја споделија и многу политичари, меѓу кои и челникот на десната италијанска партија Лига, Матео Салвини, кој тврди дека кинеската страна не открива сѐ за коронавирусот и почетокот на епидемијата.
Италија е една од најпогодените земји од коронавирусот, и ја надмина Кина во која се смета дека е жариштето на пандемијата. Бројот на заразените во Италија достигна 86.500 луѓе, од кои 9.134 починаа.
Во Италија на помош дојдоа медицински тимови и опрема од Кина, Куба и до Русија. Тоа особено наиде на негодувања и обвинувања од Западот дека Пекинг и Москва ја користат приликата за политичка пропаганда. Така, во некои италијански весници се појавија информации дека кинеската помош за Италија наводно сѐ уште се проверува поради квалитетот, но се премолчува фактот дека повеќе од половината од неа ја запленија словачките и полските власти на своите аеродроми и од минатата седмица ја користат во своите напори за спречување на ширењето на коронавирусот. Братислава и Варшава потоа соопштија дека станувало збор за „недоразбирање“ при конфискувањето на кинеската помош за Италија.
Истовремено во петокот италијанскиот дневен весник La Stampa објави напис од анонимни извори дека наводно руската помош за Италија била „80 отсто неисправна“, и оти Москва наводно го користела ова за да постигне политичка полза. На тоа веднаш реагираше со отворено писмо рускиот амбасадор во Рим, Сергеј Разов, со отворено писмо кое го објави весникот во своето електронско издание, во кое го поставува прашањето за потеклото на изворите на весникот. Притоа се повикува на изјавите на официјалните италијански власти и нивната благодарност, а авторот на написот го повикува да се обрати до жителите на Бергамо, град со најмногу жртви, во кој во моментов работат руските воени епидемиолози и виролози.
Амбасадорот истакнува дека Кремљ не се обидува да ги влоши односите меѓу Италија и нејзините сојузници во НАТО, како што се сугера меѓу другото во текстот, и додава дека „самите читатели може да проценат кој и како се однесува кон италијанскиот народ во тешките времиња… Пријателите се познаваат во несреќата“.
Објавувајќи го писмото на рускиот амбасадор, La Stampa го објави и кусиот одговор на авторот на посочениот текст Јакопо Јакобини кој истакнува дека не искажал свој став, туку оти само цитирал „некои извори“. Додава и дека весникото ќе продолжи да се придржува до главнито прионмципна нвоинарството, а тоа е непристраности и објективност во дадените информации.