
Во Хрватска во саботата попладнето се потврдени 22 нови случаи на зараза со новиот сој коронавирусот, со што вкупниот број инфицирани во земјата се искачи на 657 заболени, а почина и петтата жртва, извести Националниот штаб на цивилната заштита.
Петтата жртва, која починала на загрепската Клиника за инфективни болести, е маж во средна животна возраст кој во анамнезата имал висок крвен притисок, изјави на прес-конференција, министерот за здравство Вили Берош. Истакна дека забележителен е намалување на растот на позитивните на коронавирусот.
Во изминатите 24 часа бројот на позитивните на коронавирусот во Хрватска се зголемил за 71 лица, што според Берош претставува одредено намалување во однос на петокот и четвртокот, кога се регистрирани 84 односно 91 новозаразен.
Во Хрватска се тестирани вкупно 5.215 пациенти, односно во однос на утрото саботата повеќе за 277 тестирани. Притоа, од болеста Covid-19 оздравеле, што е за четири повеќе во однос на податоците од саботата утрото.
Во самоизолација низ земјата се 20.070 лица, од кои 3.135 имале блиски контакти со потврдени позитивни лица, а во самоизолација се и 542 хрватски здравствени работници.
Хрватската полиција добила 3.290 дојави за кршење на мерката самоизолација, а утврдени се 865 кршења на мерките. Сите тие ќе бидат казнети на основа на решение на Државниот инспектор.