
САД регистрираше над 2.000 починати од коронавирусот. Бројката драстично се зголеми последните два дена, односно се искачи на двојно повеќе смртни случаи откако во четвртокот изнесуваше околу 1.000.
Сега САД е жариште на вирусот со преку 120.000 потврдени случаи.
Властите на САД планираат ставање на неколку градови во целосен карантин.