Инфектолог предупредува за меѓу 100 и 200 илјади жртви од коронавирусот во САД

Милиони Американци ќе бидат заразени со Covid-19, а би можеле да починат и меѓу 100.000 и 200.000 луѓе, изјави во неделата инфектолог Ентони Фаучи, советник на претседателот Доналд Трамп во борбата против новиот сој коронавирусот.

„Врз основа на она што денеска го гледа, би рекол дека смртно ќе страдаат меѓу 100.000 и 200.000 лица“, изјави др Ентони Фаучи за телевизијата CNN, за бројот можни смртни исходи од заразата со коронавирусот. Спомена, исто така, и милиони заразени.

Фаучи, кој е и директор на националниот институт за заразни болести, внимателно потсети дека предвидувањата секогаш се засноваат на разни претпоставки.

„Се наведуваат најлошото и најдоброто сценарио. А најчесто се случува нештои помеѓу. Меѓу болестите на коишто работев, никогаш не сум го доживеал најлошото сценарио. Тие секогаш се преценети“, доде Фаучи.

Според податоците на институтот при Универзитетот „Џонс Хопкинс“, кој ги бележи официјалните податоци за пандемијата на коронавирусот во светот, досега во САД официјално се пријавени близу 125.000 позитивни случаи на Covid-19, што е рекорден показател во светот. Од средата бројот на починатите, сега 2.191 лице, речиси двојно се зголемил.

Медицинскиот колеџ на универзитетот во Вашингтон врз основа на сегашната траекторија ја предвидува кулминацијата на епидемијата кон средината на април, со бројот на починати околу 80.000 луѓе, кој од јуни би стагнирал. Предвидуваат меѓу 38.000 и 162.000 починати.

За споредба, се изнасува податокот дека во текот на епидемијата на грип во 2018 и 2019 година починале 34.000 луѓе во САД.