Бројот на смртни случаи забележани во Франција го надминува просекот што се очекуваше за сите возрасти, навдува генералниот директор за здравство Жером Саломон, јави дописникот на МИА.
Ковид-19 веќе почнува да се чувствува во демографските показатели. Во своето секојдневно обраќање за состојбата со епидемијата во Франција Саломон рече дека „во 12-та недела од заразата на национално ниво е забележано зголемување на смртноста од девет“.
Саломон забележува дека на регионално ниво е забележано зголемување на смртноста за сите возрасти во пет региони на Франција, имено Гранд Ест (Источна Франција), Горна Франција, Бургоњ-Франш -Комте, Парискиот регион и Корзика.
-Зголемената смртност ги загрижува луѓето на возраст од над 65 години, додава тој.
Оваа декларација доаѓа два дена откако ИНСЕЕ (Националниот институт за статистички и економски студии) објави вонредни статистики извлечени од Националниот регистар за идентификација на физички лица, со кој се илустрира зголемување на смртноста од сите причини во однос на истиот период (од 1 до 16 март) во 2019 година во голем број француски департмани.
Така, од овие податоци се покажа дека департаманите каде смртноста се зголемила најмногу во овој период биле Мајот (+ 40 отсто), Горна Рајна (+ 38 отсто), Јужна Корзика (+ 31 отсто) , и Две Севр 27 отсто). Во Оаз, каде што се појави првата група на големи случаи на заразени со Ковид-19 во Франција во февруари, ова зголемување изнесуваше 14 отсто.
Во Франција од 1. март се регистрирани 2.606 смртни случаи во болниците, изјави генералниот директор за здравство или уште 292 смртни случаи за последните 24 часа.
Во моментов во Франција се хоспитализирани 19.354 лица низ целата земја. Од нив „4632 сериозни случаи бараат многу тешка интензивна нега“, рече професорот Саломон. Дури 34 отсто од овие пациенти на интензивна нега се помлади од 60 години. Во последните 24 часа 359 лица поминале на интензивна нега.
Во бројките не се пресметани смртните случаи надвор од болниците.