
Новиот коронавирус е дијагоснициран кај лекарот кој минатата седмица го придужуваше рускиот прерседатале Владимир Путин низ главната московска болница одредена за прием на заболените од Covid-19.
Веста ја пренесе државната телевизија Россия-24, потсетувајќи дека Путин болницата „Комунарка“ на 24-ти март ја посетил со цел да се запознае до условите во кои ќе бидат сместени и лекувани пациентите со коронавирус а бил придружуван од главниот лекар Денис Проценко.
Во текот на разговорот и двајцата не носеле заштитна опрема, потсетил на редовниот брифинг во Кремљ во вторникот новинар, но забелажал дека Путин не се ракувал со Проценко. Инаку, во текот на разгледувањето на болницата и одделите за пациентите и двајцата беа во потполна заштитна опрема.
Портпаролот на Кремљ не можел да одговори зошто пред камерите претседателот не се ракувал со лекарот, но рекол дека тоа можеби се случило на друго место во болницата без присуство на медиумите, и уверувал дека Путин и натаму продолжува да се ракува со своите своите соговорници, но оти го прави тоа „секако, со сите потребни мерки на претпазливост и дезинфекција“.
Претседателот Путин „редовно се тестира на коронавирусот“, рекол Песков и додал дека „Сѐ е во ред“.