
Не треба владата секој предлог кој е различен од нивниот да го гледа како критика, некој е добар некој не е, но тоа е од бенефит, добиваат повеќе идеи како да се справат со стиуацијата. Ние сите сме загрижени за ситуацијата и даваме предлози, изјави Гоце Андревски, професор на Кралскиот универзитет во Онтарио, Канада.
Тој вели дека економијата во светот нема да издржи голем застој и затоа многу држави ќе почне до крај на април да ги отвораат економите, а тогаш ќе мораме и ние, и токму затоа е важно да имаме добро здравство со подигнат капацитет кој ќе може да ја издржи целата ситуација.
„Примарно е од уште од утре троструко да се крене капацитет на зравствениот систем, можеби и неколку пати, повеќе. Затоа што никој на пожарникар нема да му рече зошто потрошил повеќе вода ако се изгасне пожарот. Ако се крене капцитетот на здравствениот систем и се отвори економијата и ќе се спасат животи и ќе се спаси економијата“ истакна Андревски.
Токму затоа тој посочи дека веднаш е потребна државна стратегија за справување со ситуацијата, а во тоа треба да се вклучат сите политички партии и сите да ја поддржат, таа ќе биде заедничка и тогаш никој нема да има полза, сите ќе имаме полза и никој нема да има повеќе или помалку ќар и политички поени, бидејќи во моментов сите сме во иста ситуација.